Македонија ја совлада Холандија

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ФИБА Европското првенство 2016, откако во второто коло со 78-71 (19-20, 24-11, 13-18, 22-22) славеше над Холандија.

Македонската репрезентација беше подобра во текот на целиот меч, а клучната предност ја оствари во втората четвртина која ја доби со 13 поени разлика.
Најефикасни кошаркари кај Македонија беа Владо Илиевски со 14 поени и Бојан Трајковски, Александар Костоски со по 13 постигнати поени, додека кај Холандија најмногу се истакна Николас Де Јонг со 19 поени.

За репрезентациите од нашата група утре е слободен ден.

Возбудувањата во Загреб продолжуваат во вторник кога во терминот од 21 часот нашата репрезентација игра против домаќинот Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос