Според планот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер Германија треба да прими дополнителни 31.443 бегалци, од Унгарија, Грција и Италија, пишува во денешниот број германскиот весник „Велт ам Зонтаг“, пренесува ТАСС.
Весникот се повикува на официјален документ, што ги содржи новите предлози на Европската комисија за зголемување на приемот на мигранти, што Јункер планира да го претстави на 9 септември. Комисијата планира да предложи земјите од ЕУ да прифатат прием на дополнителни 120.000 бегалци плус 40.000, за кои беше постигнат договор во јули.
Според планот на Јункер Германија ќе прими најмногу бегалци. На Франција ќе биде предложено да прифати 24.000, а на Шпанија 15.000. Германските власти веќе прифатиле да примат 10.000 бегалци од првичната бројка од 40.000 бегалци.