Поранешниот чешки претседател иницираше Петиција против имиграцијата

Од:

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус иницираше Петиција против имиграцијата, со која ја повика Владата да ги обезбеди внатрешната и надворешната безбедност на државната граница со сите средства вклучувајќи ја полицијата и армијата.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Клаус повика на отфрлање на квотите за бегалци и почитување на важечките договори во политиката за азил и одбивање на притисокот за промени што би ја олесниле понатамошната имиграција.

Петицијата прв ја потпишал Клаус и е објавена на Интернет.

Клаус изјави дека е принуден да ја покрене Петицијата бидејќи тоа од него го барале голем број граѓани, колеги и пријатели како одговор на неодамнешната Иницијатива на чешките научници за покажување толеранција кон бегалците.

– Луѓето постојано ми велат, ве молиме направете нешто за да не остане само оној повик на нашите квази-научници и квази-академици, рече Клаус.

– Би сакал да нагласам дека ние не сме рамнодушни кон страдањата на илјадниците луѓе кои се производ на војните или слични катастрофи, но ние ја одбиваме манипулацијата на јавното мислење, создадно преку лажното чувство на солидарност со овие мигранти, рече Клаус. Стравовите на јавноста според него не треба да се потценуваат.

Ние, исто така, не се согласуваме со фактот различни елитнит групи скриени зад фасадата на научниците, академиците и наводен морален авторитет да се претставуваат како стандард на јавното мислење, додаде Клаус.

Петицијата на поранешниот претседател ја критикуваа повеќе претставници на Владата. Според министерот за внатрешни работи, Милан Хованец, Клаус популистички ја користи темата за бегалската криза, додека премиерот Бохуслав Соботка смета дека ваквите постапки кои не водат кон подобрување на проблемот не се потребни, туку треба да се преземат јасни чекори од Европската унија.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница