Најмалку шест лица загинаа, а 20 се повредени, откако тркачки автомобил излета од патека и удри во група гледачи за време на рели во северниот дел на Шпанија, соопшти полицијата.
Несреќата се случила во саботата во градот Карал, за време на Коруња релито.
Во несреќата животот го загубиле четири жени и двајца мажи, а уште 20 лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.
Полицијата ги истражува причините за несреќата.