Светскиот фудбалски ас Португалецот Кристијанo Роналдо не е само најдобрo платен играч на планетата, туку и неговото комуницирање по пат на социјaлните мрежи е најценето, со рекордни 230.366 евра колку што зарабува по „твит“, пренесува „Рекорд“.
Ѕвездата на мадридскиот Реал во конкуренција на спортисти има најголем број следбеници на Твитер, 37,7 милиони.
На второ место на најдобро платени спортисти кои се огласуват на Твитер е американскиот НБА кошаркар, Леброн Џејмс со 125.638 евра.
Самото огласување по пат на Твитер не носи пари само по себе, туку се наплатува рекламирање на производ на одредена компанија.