Полицијата пронајде оружје при претрес на дом во тетовско Одри

Од:

Пушкомитралез, ловечки карабин и 506 куршими со калибар од 7,62 и 12,7 милиметри пронашла полицијата при претрес на дом и помошни простории на Н.С.(51) од тетовското село Одри, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.                   

– Во претерсот реализиран вчера претпладне со соодветна судска наредба, пронајдени се пушкомитралез ДЕ 806 калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин „Стејер“, исто така калибар 7, 62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија, како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри што се наоѓале во две затворени метални кутии. Сето пронајдено во претресот е фото и видеодокументирано, а потоа со потврда е одземено за вештачење, изјави Јосифовски.

Според неговите податоци, Н.С. неколку часа по претресот вчера бил лишен од слобода по што консултација и координација со јавен обвинител бил задржан во СВР Тетово. Се расветлуваат сите поединости и во текот на денешниот ден, најави Јосифовски, Н.С. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Вчера претпладне полицијата извршила и претреси во домовите и помошните простории на уште две лица во село Одри. При тоа во домот на Џ.З.(48) биле пронајдени се две непознати растенија високи околу 2 метри, најверојатно „канабис сатива“, 4 патрони од ловечко оружје калибар 16 милиметри и 1 гасен пиштол. Во домот на Б.Ш.(37) пронајдено е непознато растение високо два и пол метри и скршена гранка од истото.

– Пронајденото е документирано и со потврда одземено додека  Џ.З. и Б.Ш. по приведувањето и извршениот разговор биле пуштени и  ќе се соочат со поднесоци, рече Јосифовски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски