„Сектор 909 сака да ја извести јавноста и својата урбана публика која континуирано е со нас во изминативе 15 години, дека одредени групации формирани на политичка и бизнис основа прават натчовечки напори за да го задушат и уништат урбаниот ноќен живот во Скопје, притоа непочитувајќи ги сите закони и неводејќи сметка за општествениот културен живот и придонес кој Сектор 909 го има како нераскинлив дел од Скопје.
Во изминатиов период, од страна на овие групации кои директно се погодени од квалитетот кој Сектор 909 го внесе во скопскиот ноќен живот, таргетирани сме како пречка во остварувањето на лични финансиски интереси на поединци кои прават се за да згасне она што на Скопје му е неопходно и она што Скопје го заслужува – ноќен живот кој ќе го доближи до европските метрополи.
Па така, зашто, само Сектор 909 има контроли и инспекции како стални гости и тоа на дневна база. Зашто, само Сектор 909 им „пречи“ на станарите од „кинескиот зид“ .Зашто, само во “Секотро 909“ е потребно да се следи и најмала ситница за да се најде основа за да се уништи клубот. Ние ги издржавме сите овие притисоци, уцени и закани. Не им дадовме ни најмал повод да го сторат тоа што го сторија.
На “Сектор 909“ му е одземена лиценцата за работење и тоа пред истекот на важење. Објаснување нема, образложение – ретороактивно. Ова е настан без преседан во правниот систем а воедно и во ноќниот живот во Македонија. Ретроактивно одземање на легално издадена лиценца. Дискотеката „Сектор 909„ е пломбирана од надлежните. Програмата која ја имавме најавено и настапите кои веќе се букирани се откажани. Оваа казна, колку и да е нелегална и неиздржана ќе ја испочитуваме.
Од вечерва „Сектор 909“ е избришан од мапата на скопскиот и македонскиот клупски живот.
Најголемата штета не ја претпревме ние, туку вие, нашата публика, нашите фанови без кои немаше да бидеме тоа што сме сега. Пречка на политички и бизнис локални моќници.
„Сектор 909“ нема да згасне туку напротив. На оваа неправда ќе вратиме со уште поголеми напори за подигање на стандардите и културата која ја поставивме. Ние имаме обврска кон Вас и кон Вашата поддршка без која немаше да опстоиме, ни да станеме тоа што сме денес, репер за урбаната и андерграунд култура во Скопје и затоа ќе продолжиме понатаму“, се вели во соопштението.