Нискостеблеста шума и сува трева горат на потегот помеѓу кумановските села Орашац и Скачковце во месноста викана „Бела Вода“ над патот Куманово-Свети Николе.
На терен се ангажирани деветмина пожарникари со три противпожарни возила.
– Станува збор за поголема површина која е зафатена со пожарот, изјави Илиевски. командирот на ТППЕ Куманово Дејан Иливески.
Во гаснењето на пожарот кој во ТППЕ е пријавен во 12:10 часот, вклучени се и неколкумина жители од Орашац.