Кацин: ЕУ не бара од Србија признавање на Косово

Од:

Известувачот на ЕП за Србија, Јелко Кацин изјави дека ЕУ не бара од Белград да ја признае независноста на Косово, туку целосна нормализација на односите со Приштина и гаранции дека двете страни нема меѓусебно да се блокираат на патот кон ЕУ.

– Модалитетите на автономијата и заштитата на малцинските права на Косово и во централна Србија кои се прифатени од двете страни „постојат на дофат на рака“ и постигнувањето договор за тоа прашање би бил голем чекор за Србија што отвора врата за почеток на преговори за членство, изјави Кацин на 12 Српски економски самит.

Тој изрази надеж дека по средбата на Дачиќ со Тачи во Брисел многу брзо ќе следат преговори на високо политичко ниво кои ќе обезбедат конкретни резултати.

– Потребно е да се бараат решенија кои за Србија, Косово и регионот ќе може да го надоместат изгубеното во претходните децении. Многу е важно тој историски процес да вклучи што поголем круг политички лидери и претставници на граѓанското општество за да се обезбеди нормализација на односите во српското и косовското општество, нагласи Kацин.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ