Чешка критикувана заради обележување на бегалците со бројки на кожата

Од:

Чешката полиција предизвика многубројни критики и реакции на социјалните мрежи заради воведувањето на најновата мерка на обележување на бегалците со бројки, јави дописникот на МИА од Прага.

Видеата и фотографиите кои ги објавија странските медиуми, а на кои се гледа како полицијата ги симнува од воз бегалците и со маркер им пишува бројки на рацете, за што полицијата тврди дека го олеснува регистрирањето на бегалците кои немаат документи, а влегуваат во земјата, многумина го осудија и споредија со практиката на нацистите кон Евреите.

– Тоа е многу сериозна работа. Десетици бегалци беа означени буквално како добиток, кој оди на колење. Несомнено, тоа потсетува на најтемниот период од современата историја, изјавил шефот на Унијата на италијанските еврејски организации.

Според чешкото Министерство за внатрешни работи ,,означувањето е воведено поради големиот број на деца меѓу бегалците и целта е спречување на децата да се изгубат”.

Портпаролката на полицијата во одделот за странци исто така информираше дека на тој начин се идентификуваат цели семејства, се запишува кодот на возот во кој патуваат за да знаат каде да ги вратат во случај повторно да се најдат на чешка територија.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица