Грција чека 30 милиони евра од ЕУ за справување со бегалската криза

Од:

Грција очекува на 15 септември да добие 30 милиони евра од Европската унија наменети за справување со бегалската криза, соопшти заменик-министерот за миграции Јанис Музалас на состанок со синдикатот на општините (КЕДЕ).

Според него, грчката Влада има конкретен план за да се справи со кризата и побара од членовите на КЕДЕ тесно да соработуваат со привремената влада.

– Без локалната самоуправа, кризата не може да се реши. Целта е бројот на бегалците на островите да се направи одржлив, поради што ќе бидат ангажирани повеќе бродови за побрзо да ги префрлат на копно, рече Музалас.

Тој, сепак, додаде дека е потребно да се создадат привремени прифатни центри за да се забрза нивната обработка.

Министерот, исто така, рече дека се очекува приливот на бегалци од Турција уште повеќе да се зголеми во наредните месеци.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски