Седници на собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за транспорт, врски и екологија, како и Законодавно-правната комисија.

Седница ќе одржи и Буџетскиот совет на Собранието на чиј дневен ред е Предлог-заклучокот за утврдување на бројот на надворешни соработници во Пратеничката група на СДСМ, НСДП, ЛДП И ПДТ согласно Законот за Собранието на Република Македонија.

Пред Комисијата за политички систем се Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2014 година, предлог-измените и дополнувањата на законите за управна инспекција и за архивски материјал, како и предлог-дополнувањата на Законот за постапување по претставки и предлози, сите во второ читање, додека Комисијата за транспорт ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот во второ читање..

Законодавно-правната комисија ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на законите за управување со отпадот, за архивски материјал и за управна инспекција, предлог-дополнувањата на Законот за постапување по претставки и предлози, како и по Предлог- законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, сите во второ читање.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи