На Табановце спречен шверц на 120 килограми режан тутун

Од:

Цариниците од граничниот премин Табановце – автопат ноќеска по полноќ спречија обид за шверц на 120 килограми режан тутун.

– Околу 02:30 часот после полноќ на излез од Македонија на граничен премин Табановце – автопат пристигна товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали Д.М. Поради сомневање во изјавата на возачот дека нема ништо да пријави за царинска контрола, а согласно критериумите за анализа на ризик, извршена е детална контрола на возилото и при тоа во внатрешниот дел на кабината на горниот кревет под душекот се пронајдени 120 паковки од по 1 кг. режан тутун, соопшти Царинската управа.

Стоката е привремено одземена, а против сторителот е почната соодветна постапка.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина