Телата на убиените кај Количани предадени на обдукција

Од:

Телата на двете машки лица кои со прострелни рани вчера се пронајдени во возило на патот Драчево – Количани се предадени на обдукција.

Јавното обвинителство денеска информира дека веднаш по дојавата од случаен минувач, извршен е увид на местото од страна на јавен обвинител, екипа на Министерството за внатрешни работи и од Институтот за судска медицина и криминалистика.

Во возилото до едно од лицата пронајден е и пиштол 7.52 ТТ.

– Ќе следи и донесување на наредби за вештачења на оружјето, на испуканите проектили, како и на сите пронајдени траги на местото на настанот, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Полицијата потврди дека синоќа околу 19 часот во возило марка „ровер 75“ со охридски таблички во нива кај селото Долно Количани пронајдени се две машки лица со прострелни рани. Полицијата информира дека е идентификуван возачот на „роверот“ Светислав Р. (1987) од Кичево, кој вчера бил пријавен за исчезнат, а се работи на идентификување на второто лице.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина