Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави, дека непријатели од Колумбија се обидуваат да го убијат.
Мадуро, тоа го изјави за време на посетата на Виетнам, во време кога Венецуела и Колумбија водат се потензичен граничен спор.
Според Мадуро заговорот има одобрение од колумбиската влада. Тој не претстави докази за поддршка на тврдењето, но најави дека наскоро ќе го направи и тоа.
Мадуро и колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос си разменуваат заемни напади, откако минатата недела беа протерани над 1.000 Колумбијци, што илегално живеат во Венецуела. Претседателот на Венецуела ги обвини имигрантите за криминал и пограничен шверц.