Старица од 80 години е полесно повредена во пожар што денеска претпладенто изби во куќа на улица „Митко Цветаноски“ број 21 во Прилеп, соопштуваат од прилепската противпожарна единица.
Жената е префрлена во прилепската болница и според раководителот на Итната медицинска помош Гоце Јонзоски е во добра состојба.
Пожарот е пријавен во 10.14 часот, а избувнал во просторија во приземјето на еднокатната куќа.
Од прилепската противпожарна единица велат дека интервенирале со две возила и четворица пожарникари. Пожарот е локализиран пред 12 часот и не е дозволео да се префрли на соседните куќи залепени до опожарената. Старицата и сопственичка на куќата, Видосава Николоска живеела сама. Се повредила кога се обидувала да ги изгасне пламените јазици. Засега не е познато како настанал пожарот.