Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски соопшти дека им се одземени лиценците за откуп на грозје на осум винарски визби.
„Законот за вино мора да се почитува. На сите што навреме нема да ги исплаќаат преземените количини грозје, ќе им биде одземена лиценцата за откуп“, рече тој, и додаде дека Министерството за земјоделие будно ќе ја следи ситуацијата и ќе преземе соодветни мерки. Не може под изговор дека ќе се наруши пазарот, одредени визби да не го исплаќаат грозјето.
Откупениот род од 2011 година, согласно Законот за вино, винариите требаше да го платат до 30 април годинава. Министерството најави одземање на лиценците на оние винарски визби кои нема да го почитуваат законот.
Овие неколку денови две од нив веќе го подмирија долгот кон лозарите и повторно ја почнаа постапката за регистрација.