Завршија истражувањата на споменичната целина Црвено поле

Од:

Завршија годинашните археолошки истражувања на споменичната целина Црвено поле на планината Огражден, с. Барбарево, Ново Село.

Во текот на истражувањата, кои се дел од програмата на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица потврдија дека споменичната целина има вкупно девет објекти изградени од 1 до 6 век на две истражувачки единици.

За време на истражувањата на просториите во комплексот објекти Јанина чешма, констатирано е дека станува збор за најсолидни и најрепрезентативно градени објекти на оваа истражувачка единица досега, но, исто така, и најоштетени. Впечатливо е дека еден од објектите функционирал како затворена архитектонска целина, смислено и добро организирана. Просториите се формирани во три реда, со главна централна оска и со по една просторија од север и од југ. Утврдено е дека објектот бил наменет за живеење со придружни простории, како килер и работен дел. Како и останатите објекти на споменичната целина, и овој објект во некои од пљачкашките походи што во тој период ја опустошиле целата Византиска империја кон средината на 6 век бил ограбен, запален и напуштен. Објектот и целата населба никогаш не биле обновени.

Новооткриениот објект на комплексот објекти Паприте претставува објект од една просторија кој функционирал како магацин и работилница. Станува збор за солидно граден објект од ѕидани камени блокови и со покривна конструкција. Тој е единствен од деветте откриени објекти кој иако бил ограбен, не настрадал во пожар, соопшти Министерството за култура.

Истражувањата на споменичната целина Црвено поле ќе продолжат и наредната година.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза