Трето издание на манифестацијата „Охридска софра“

Од:

Во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ кај селото Скребатно денеска по трет пат ќе се одржи туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“.

Манифестацијата со која симболично се означува крајот на главната туристичка сезона во Охрид, има за цел да ја промовира традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето и да ја збогати туристичката понуда.

– Во подготовка на ѓомлезето ќе учествуваат 15 мајстори за овој специјалитет. Во 11:30 часот посебна жири-комисија ќе врши дегустација на подготвеното ѓомлезе, за во 12 часот да започне официјалниот дел, кога ќе бидат прогласени победниците, информира Ѓоко Апостолов, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид.

За трите најдобро подготвени ѓомлезиња се придвидени и парични награди, и тоа десет илјади денари за највкусното ѓомлезе, за второнаграденото 7.000 и три илјади денари за третонаграденото.

Покрај подготвувањето на ѓомлезето, како што најави Апостолов, студенти од Факултетот за туризам и угостителство, ќе приготвуваат и ќе презентираат традиционални специјалитети од охридското поднебје, Здружението на пчелари ќе има изложба на мед, претставници на „Кластерот еден“ ќе презентираат производи и аранжмани на нивните членки, а штандови со здрава храна ќе имаат претставници од манастирскиот одбор и фирмата „ Градинар“.

Манифестацијата ќе биде збогатена и со музичка програма, со настап на етно-групата „Баклава“.

За сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од манифестацијата организиран е бесплатен превоз. Комбиња на „Омега-транс“ ќе тргнуваат од постојката кај поранешниот „Мини- маркет“ од 10 до 11 часот, а враќањето од Скребатно е по завршувањето на манифестацијата во 14 часот

Би можело да ве интересира

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица