Единствениот македонски претставник во регионалната кошаркарска БИБЛ – лига, тимот на Кожув, ги доби противниците во групната фаза.
Гевгеличани ќе играат во групата А заедно со Сигал Приштина (Косово), Морнар (Црна Гора) и Теодо (Црна Гора) и Берое (Бугарија).
Во оваа група треба да се вклучи уште една екипа, а тоа ќе биде тим од Албанија или Романија.
Во првото коло Кожув на домашен терен во октомври ќе игра со Теодо од Гевгелија.
Другата група ја сочинуваат: Левски (Бугарија), Башкими (Косово), Пеќ (Косово), Ловќен (Црна Гора) и Сутјеска (Црна Гора).