Осветени нов конак и продавница за сувенири во манастирот Св. Јоаким Осоговски

Од:

По повод чествувањето на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица денеска во манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски беа осветени два нови придружни објекти.

Митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Јосиф ги освети сувернирницата која е амбиентално вклопена во просторот помеѓу црквата Успение на Пресвета Богородица и манастирската зграда, додека другиот објект е надграден до новион манастирски конак.

– Денес беше осветена продавницата за сувенири кој беше изградена пред некое време, а во истата нашиот верен народ може да си купи и понесе оттука сувенири во духот на христијанската вера, со црковни мотиви. Исто така, со доградбата и разубавувањето на манастирот кое траеше изминатиот период постојнит трем беше затворен и уреден во нова трпезарија со капацитет за услужување на околу педесетина луѓе. Надградените простории на новиот конак го зголемија капацитетот за сместување со уште триесетина соби, а во тој објект ќе има и ресторан за опслужување на сите посетители на манасторот, а со овие нови легла има вкупно околу двесте, информира протојереј ставрофор Добрислав Бошковски.

Со светувањето на новите објекти, посочи, продолжува расцветувањето на манастирот кое трае подолг временски период, бидејќи истито постојано се уредува и доградува.

Во текот на денот и вечерва во манастирот се очекува да пристигнат неколку илјади верници кои ќе присуствуваат на големиот црковно-народен собир кој традиционално се организира во комплексот Св.Јоаким Осоговски, кој е изграден во 11 век.

– Голем дел од верниците овде ќе ја минат ноќта во пресрет на празнувањето на светецот Јоаким Осоговски. Верниците од раните утрински  часови ќе ги преплават храмовите, утрината владиката ќе служи Божествена литургија по која оние кои постеле две недели ќе можат да се причестат. Потоа следува сечење на славскиот колач и осветување и делење света вода за верниците, а за сите  присутни манастирската управа подготвува и манастирски ручек, изјави Бошковски.

Би можело да ве интересира

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

A1on

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

A1on