САД му предлагаат на Узбекистан да се приклучи кон коалицијата против ИД

Од:

САД му предложиле на Узбекистан да се присоедини кон меѓународната коалиција, предводена од Вашингтон, во борбата против Исламска држава (ИД).

Според официјален Вашингтон, поранешната советска република може сама да избере начин на кој ќе придонесе во борбата против екстремистичката група.

– Побаравме од Узбекистан да се приклучи кон коалицијата, изјави Даниел Розенблум, заменик-помошник државен секретар на САД за Централна Азија, за време на својата посета на узбекистанскиот главен град Ташкент.

Засега нема никаков коментар од официјални узбекистански претставници во врска со ова прашање.

Узбекистан, кој е главно муслиманска држава со население од 31 милион лица, е стратешки партнер на НАТО во постсоветска Централна Азија и помага во војната против талибанските бунтовници во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија