НАТО оваа есен ќе ги организира најголемите воени вежби од 2002 година досега, со учество на околу 36 илјади војници.
– Вежбите ќе се одржат од 3 октомври до 6 ноември и тие ќе се спроведуваат претежно на териториите на Италија, Шпанија и Португалија, изјави на прес-конференција во Вашингтон, францускиот генерал Жан Пол Паломерос, врховен командант на Сојузната команда на НАТО за трансформации.
Вежбите се со висок интензитет и во нив ќе бидат вклучени 27 од 28 земји-членки на Алијансата и седум партнерски држави.
– Вежбите не се поврзани со актуелните тензии во односите со Русија, изјави Паломерос.
Тој појасни дека одлуката за овие вежби е донесена на самитот на НАТО во 2012 година во Чикаго.
– Во тоа време имавме добро партнерство со Русија, додаде Паломерос.
Сценариото на вежбите ги содржи сите елементи на современа војна: противракетна одбрана, кибер напади, хибридна војна, пропагандни операции.