Земјоделците ќе треба прво да си ги платат сите обврски , па потоа да ги добијат субвенциите.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите земјоделци кои имаат поднесено барања за користење субвенции за 2012 година, доколку имаат неподмирени долгови за пашарина и воден надоместок да ги платат заклучно со 30 овој месец.
Како што соопшти Министерството, обврските треба да ги подмират за да се стекнат со правото да користат субвенции.