Столтенберг: Рано е да се каже дали Грузија ќе склучи Акционен план за членство

Од:

Мошне рано е да се каже дали Грузија ќе биде поканета да се приклучи кон Акциониот план за членство, што претставува последен чекор кон полноправно членство во НАТО, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Првиот човек на НАТО, кој е во посета на поранешната советска република во Јужен Кавказ говореше денеска на отварањето на заедничкиот центар за обука и анализи НАТО-Грузија.

Тој посочи дека Грузија веќе располага со потребните инструменти за продолжување на патот кон членството.

Земјите-членки на НАТО се согласија преку гласање во 2008 година да ја примат Грузија за членка, но неколку држави-членки, меѓу кои Германија и Франција имаат резерва во однос на полноправното членство, кое според нив сериозни ќе ги влоши односите со Русија. Оттогаш досега се одолжува прифаќањето на Акциониот план за членство на Грузија.

НАТО нагласува дека Грузија треба да ги зајакне своите институции, да ги забрза реформите на правосудниот систем и да го зајакне владеењето на правото. Тбилиси, пак смета дека НАТО го одолговлекува процесот поради замрзнатиот конфликт во отцепената од Грузија Јужна Осетија.

Би можело да ве интересира

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Усвоен е законот за странски агенти во Грузија

Грузија: Комитетот го усвои законот за „странски агенти“, 20 приведени на протести

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии