Посебен сообраќаен режим во сабота и недела на мостот на поезијата

Од:

За безбедно одржување на Струшките вечери на поезијата на 29 и 30 август ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје на Струга, соопшти СВР Охрид.

Според портпаролот Стефан Димоски ќе има привремено  ограничено движење на моторни и друг вид на возила по улицата „Партизанска“ кај „Мостот на поезијата“.

– Безбедносните мерки се насочени кон оперативно покривање, сообраќајно и физичко обезбедување на објектите и местата каде се планирани активностите, а ќе бидат во функција на непречено одвивање на овие значајни  културни средби, иформира Димоски.

Полициските службеници ќе спроведуваат и другите законски овластувања како дел од севкупните безбедносни мерки.

– Имајки го во вид исклучителното значење на културната манифестација Струшки вечери на поезијата, до граѓаните апелираме на исклучива нужност во користењето на сопствените патнички и други моторни возила, нагласи Димоски.

Би можело да ве интересира

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Стружанец се самоповреди со харпун додека ловеше риби во Охридското Езеро

А1он

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ