Во јули намалени цените на производителите на индустриските производи на домашниот пазар

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули се пониски за 0,8 проценти на месечно ниво, односно за 4,8 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во споредба со јуни пониски се цените во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти, Енергија за 0,4 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 проценти и во групата Капитални производи за 0,1 проценти.

Споредено со јули минатата година намалување има во групите Енергија за 10,7 проценти, Капитални производи за 4,3 проценти, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто