Поранешниот плејмејкер на МЗТ Скопје на проба во Валенсија

Од:

Српскиот кошаркар Александар Цветковиќ кој претходните две сезони беше играч на МЗТ Скопје Аеродром се наоѓа на проба во Валенсија, соопшти шпанскиот клуб.

Цветковиќ го носеше дресот на македонскиот шампион како позајмен играч од Црвена звезда. Тој минатата сезона имаше просек од 8,7 поени и 4,1 асистенции.

Валенсија во моментов располага само со седум кошаркари. Новиот тренер Педро Мартинез во ростерот ги има капитенот Рафа Мартинез, Бојан Дубљевиќ, Ромејен Сат, Владимир Лучиќ, Лука Сикма, Џон Шурн и Џастин Хамилтон.

Покрај Цветковиќ на тренингот на Валенсија се појави и Алфонсо Санчес, а недостасуваа репрезентативците кои се наоѓаат на припреми за Европското првенство.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос