Тајландската полиција денеска и официјално потврди дека истрагата за тоа кој на 17 август ја подмтнал бомбата во храмот Ераван во Бангкок се концентрира на 20 турски граѓани, за кој се претпоставува дека припаѓаат на екстремистичката исламска група Сиви волци. Во екплозијата во храмот во Бангкок загинаа 20, а беа ранети над сто лица, најголем број стански државјани.
Полицијата, всушност, ги потврди шпекулациите од медиумите дека бомбашкиот напад со многу жртви и уште една експлозија два дена потоа се поврзани со одлуката на Тајланд, во јули, да врати група припадници на племето Уигур, муслимани на кои во Кина ќе им се суди за сепаратизам и подготовки за терористички напади. Претходно, поголема група припадници на племето Уигру добија дозвола од Тајланд да се преселат во Турција.
Можната поврзаност на дваесетмината Турци со експлозијата ја испитуваат и турските власти, но за сега нема информации дали тие се само сомнителни, или учествувале во подготовките и подметнувањето на експлозивот.
За сега е сигурно само тоа дека подметнувачот на бомбата не е од Тајланд. За неколку дена треба да заврши и комплицирана анализа со споредување на отпечатоци на прсти, земени од возилото со кое бомбашот, со ранец преку рамо, дошол до храмот Ераван.