Во манастирот во Матка ќе се одбележи празникот Успение на Пресвета Богородица

Од:

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан утре ќе чиноначалствува со Светата Божествена литургија по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во истоимениот манастир во Матка кај Скопје.

По повод одбележувањето на православниот празникот кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот вечер ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Четврта година по ред ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.

Утре, пак, по Светата Божествена Литургија која ќе започне во 9 часот, одбележувањето на празникот ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.

Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите