ВИДЕО: Западен Балкан ја победи ЕУ, Груевски даде два гола

Од:

Западен Балкан го победи тимот на ЕУ со 4:2 на фудбалскиот натпревар кој синоќа се одигра во австрискиот главен град Виена. Премиерот Никола Груевски даде два, а асистираше при реализација на другите два гола.

За тимот на идните членки на ЕУ, покрај македонскиот премиер настапија и шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнодак, неговиот колега од Црна Гора Игор Лукчиќ и претставници на Минитерството н за надворешни работи на Австрија.

Екипата на ЕУ беше предводена од премиерот на Словенија Миро Церар и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц. Правдата на натпреварот ја делеа еврокомесарот Јоханес Хан и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Натпреварот се одигра во пресрет на Виенскиот самит на земјите од Западен Балкан 2015 чиј што покровител е токму Европската Унија, а започна како дел од Берлинската иницијатива за инклузија на Западниот Балкан во рамките на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он