Еден од најдобриот центри во лигата конечно дебитираше за својот нов тим, враќајки се на теренот по пола година пауза предизвикана од повредата на грбот.
Еден од најактивните тимови изминатово лето беа Лејкерси, а најзвучно име кое ја смени својата средина секако беше Двајт Хауард, кој од Орландо се пресели во Лос Анџелес.
Новиот центар на Лејкерси во неделата навечер конечно дебитираше за својот нов тим, поминувајќи 33 минути на паркетот во поразот од Сакраменто од 92:99.
Сепак, поразот остана во втор план на дебито и одличната игра на Двајт, кој првата средба за новиот клуб ја заврши со 19 поени (8/12 шут за два), 12 скокови и четири блокади.
„Искрено, ми се насолзија очите кога излегов на теренот. Додека ги претставуваа стартните петорки еден од моите соиграчи го примети тоа, па затоа се обидов да ги сокријам емоциите во тој момент. Навистина бев возбуден со оглед на тоа дека долго време паузирав поради повредата. Ни самиот не знаев што да очекувам од себе“ – изјави Хауард, кој шест месеци се рехабилитираше од операцијата на грбот.
Своето официјално деби за тимот од Лос Анџелес во рамките на регуларната НБА сезона центарот ќе го има на 30. октомври, кога Лејкерси на отворањето од сезоната 2012/13 го пречекуваат Далас.