Најмалку 15 лица загинаа откако девојче изврши самоубиствен напад на автобуска станица во североисточен град во Нигерија, соопшти ДПА, повикувајќи се на очевидци и болничките службеници.
При нападот во градот Даматуру биле повредени речиси 30 лица. Се претпоставува дека девојчето кое го активирало експлозиот кој бил прикачен на нејзиното тело, имало околу 11 години.
– Девојчето дојде на паркингот и одби да биде претресено (од чуварите). Потоа отиде до возилото полно со патници и се разнесе, изјави здравствен работник од блиската болница.
Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но исламистичката група „Боко Харам” убила илјадници луѓе во слични напади од 2009 година.