Властите во Шпанија и Мароко денеска уапсиле 14 лица под сомнеж дека регрутирале борци кои би и се придружиле на групата Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи.
Осомничените се уапсени во предградија на мадрид и во други градови во Мароко, наведува Министерството.
Апсењата се поврзани со „мрежата која испраќа борци во редовите на терористичката организација Исламска држава во сириско-ирачкиот регион, кој е под контрола на оваа џихадистичка група“.
Операцијата е спроведена неколку дена откако 26-годишен Мароканец е обвинет за напад на патници во воз во Франција.