Синот на диктатоот Маркос најави кандиатура на претседателските избори на Филипините во 2.016 година

Од:

Единствениот наследник на поранешниот филипински диктатор Фердинанд Маркос, кој го носи татковото име и презиме, со додавката јуниор , денеска објави дека ќе се кандидира на претседателските избори на Филипините, закажани за идната година.

Маркос јуниор е третиот сенатор од  опозициската Националистичка партија, кои најавија кандидатура за потпретсеател, или претседател на Филипините.

Обид да добие втор петгодишен претседателски мандат прави и сегашниот шеф на државата Бенињо Акино. Тој се обидува да издејствува измени во филипинскиот Устав според кој претседателската функција е ограничена на еден мандат. Ова правило во Уставот го внесе мајката на сегашниот претседател Корасон Акино, со образложение дека Филипините веќе нема да дозволат да се повтори диктатурата на Маркос, сменет по милионскиот народен протест во 1986 година.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски