Јужна и Северна Кореја постигнаа договор за намалување на тензиите

Од:

Сеул и Пјонгјанг потпишаа договор за мир на Корејскиот Полуостров, по неколкудневната криза во која двете земји употребија оружје на границата, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Претставници на Јужна и на Северна Кореја постигнаа договор за намалување на тензиите по повеќедневните преговори.

– Северна Кореја изрази жалење поради инцидентот во кој, на почетокот од месецот, при експлозија на мина беа повредени два јужнокорејски војници, се наведува во заедничкото соопштение по маратонските преговори меѓу Сеул и Пјонгјанг.

Во соопштението се истакнува и дека Јужна Кореја се согласила в среда на пладне да ја прекина пропагандата против Северна Кореја и оти преговорите ќе продолжат во Сеул или во Пјонгјанг за низа прашања кои би ги подобриле нивните односи.

Северна и Јужна Кореја преговорите ги почнаа во саботата на највисоко ниво, во обид за изнаоѓање решение за излез од кризата која двете држави ги доведе до работ на вооружен конфликт.

Разговорите зад затворени врати во селото Панмунџа на границата на двете држави почнаа откако истече рокот што Пјонгјанг го постави на Сеул да прекине со емитување на пропагандата преку граница и заканите дека во спротивно ќе се соочи со воена акција.

Јужна Кореја преку 11 звучници емитува програма, која содржи најнови вести од Корејскиот Полуостров и од светот, како и емисии во кои се истакнуваат позитивните работи на демократијата и економскиот раст на Сеул во однос на репресивната власт во Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ