Компанијата Епл започна да повлекува одреден број телефони АјФон 6 плус поради проблеми со камерата на задниот дел.
Камерата АјСајт на задниот дел на смартфонот прави замаглени фотографии, а проблемот е забележан на уредите продадени во периодот од септември 2014 до јануари 2015 година.
Сериските броеви на уредите со неисправна камера објавени се на веб страницата на Епл, каде корисните може да проверат дали и нивниот телефон е меѓу тие со дефект, како и да го контактираат Епл за поправка.