„Народно движење за Македонија изразува изненаденост од предлогот на премиерот Груевски за мнозински систем и бонус пратеници за победникот на изборите, поради, како што рече „таква стабилна влада ќе обезбеди четиригодишен мандат, ќе обезбеди да нема можност за уцени од некои помали партии“.
За НДМ, причината за (не)стабилна влада е на друга адреса, а не кај помалите партии, и оттука предлогот на Груевски за елиминирање на помалите партии всушност укажува на сериозен недостаток на неговиот демократски капацитет.
Доколку пак, Грувски навистина е убеден дека помалите партии се пречка за стабилна влада, нека предложи законско решение со кое ќе се забранат помалите партии и во следната изборна трка нека бидат само кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Во спротивно, НДМ бара Груевски да го слушне гласот на експертската, политичката, невладините, и воопшти севкупната јавноста во земјата за една изборна единица, како што е впрочем, речиси во сите европски земји.
Да потсетиме, НДМ досега се залага(ше) за една изборна единица согласно нашата Иницијатива до Собранието уште од 22.07.2010, со која е побарано територијата на земјата да биде една изборна единица, за која собранискиот спикер Трајко Вељановски повратно не информираше дека врз основа на член 133 став 2 од собранискиот Деловник ја доставил до сите пратеници, меѓутоа, истата до денешен ден остана закочена во собранските фиоки“, се вели во соопштението на НДМ.