НДП: Политиката во Македонија има потреба од итна интервенција од меѓународниот фактор

Од:

„Национална Демократска Преродба изјавува дека вчерашната изјава на премиерот на земјата во врска за измените на изборниот модел е уште еден дополнителен аргумент дека политиката во Македонија има потреба од тотална интервенција, ако сакаме да одиме кон европскиот пат. Изјавата на премиерот на земјата, победникот на изборите да и бидаат загарантирани 17 пратеници со објаснување една политчка партија, или пак етничка заједница, да не може да го условува формирањето на владата, е една од најзаоставените и дискриминирана изјава врз сите народи кои живеат во земјата, нарочито врз албаниците.

НДП нагласува дека изјавата на премиерот на земјата бара заслужен одговор од сите политички субјекти во земјата бидејќи да изјавиш дека наредните влади треба да се формираат само од една партија, води кон една диктатура невидена од пред неколку векови.  Национална Демократска Преродба нагласува дека владата на Македонија, сега или никогаш, има потреба од застапување од поголем политчки и етнички колорит, и што поширок колорит да имаме толку поголема ќе биде одговорноста и отчетноста, нешто што на земјата и недостасува за 25 години на плурализам.  

Национална Демократска Преродба нагласува дека политиката во земјава не треба да се гледа како арена за бокс меѓу две македонски партии, каде една со друга се предизвикуваат кој има повеќе страв од победникот или губитникот. Овој предизвик е многу низок и има потреба за итна интервенција од страна на меѓународниот фактор додека не е касно, во спротивно последиците ќе бидат многу тешки за народот во земјата“, се вели во соопштението на НДП.  

Би можело да ве интересира

Тимоние на средба со Весел Мемеди во НДП, разговарано за причините за неучество на изборите

Ландов

НДП нема да учествува на изборите поради неуспехот на албанската опозиција да формира свој блок

А1он

НДП избра ново раководство

Ана Ололовска

Заврши вториот Конгрес на НДП, Весел Мемеди избран за претседател

Ана Ололовска

НДП го поддржува консензуалниот кандидат

Ана Ололовска

Мемеди: Време е правдата да зборува

Ана Ололовска