Противникот на Македонија, Грција со силен тим на Евробаскет 2015

Од:

Селекторот на грчката кошаркарска репрезентација Фотис Кацикарис го објави конечниот список на играчи кои ќе настапат Европско првенство во септември годинава.

Грција е во група со Македонија и токму овие две репрезентации се среќаваат во првото коло од групата Ц на 5. септември во Загреб.

Пред 4. години на ЕП во Литванија Македонија беше подобра во меѓусебниот меч, но сега Грците имаат далеку подобар состав така што на тимот на Марјан Србиновски ќе му биде мошне тешко.

Грците ќе ги предводи тандемот на еден од најдобрите тимови во Европа, Олимпијакос: Василис Спанулис и Јоргос принтезис, а Кацикарис ќе смета и на тројца НБА играчи: Костас Папаниколау од Денвер, Костас Куфос од Сакраменто и Јанис Антетокумбо од Милвоки. Во селекцијата е и новиот играч на Барселона, Стратос Перпероглу, довчерашниот член на Реал, Јанис Бурусис, Зисис (Бамберг), Кајмакоглу (Уникс), Калатес (Панатинаикос), Слукас (Фенербахче) и Манцарис (Олимпијакос).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ