Јункер: Нема потреба за нова средба на врвот на ЕУ за мигрантите

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер отфрли денеска повик за нова средба на врвот на Европската унија за имиграцијата и побара државите членки итно да ги применат договорите за прашањето.

Јункер го изрази тоа во статија објавена од Фигаро и германски Велт.

Објавувањето е пред средбата меѓу канцеларот Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд во Берлин.

Јункер ги повтори критиките кон европските влади за тоа дека не примиле мигранти од Италија и Грција каде десетици илјади се пристигнати преку морски пат во изминатите месеци за да избегнат војна и сиромаштија во своите држави.

– Немаме потреба за нова средба на врвот. Државите членки треба да прифатат европски мерки и да ги применат на своја територија, нагласува Јункер.

Тој додава дека ЕУ треба да направи еден список со „безбедни држави’ во кои мигрантите може да бидат враќани.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Мигрантите исчезнаа од јужната граница