Претседателот на Демократскиот Сојуз, Павле Транов за А1он вели дека доколку Македонија се врати на мнозинскиот изборен модел, тоа ќе значи враќање на насилството и калашњиковите на улица.
– Како што е познато, Демократскиот сојуз иницираше расправа во парламентое за една иборна единица според пропорционалниот модел. Мнозинскиот модел значи враќање на насилството и калашњиковите на улица. Тој модел воопшто не одговара и се покажа како модел кој прозведува конфликти и поради тоа го напуштивме.
За Трајанов не е прифатлив предлогот на премиерот, победничката партија на изборите да добие дополнително 17 пратеници за да имало стабилна влада.
– Уште помалку е прифатливо на партијата што ќе има повеќе пратеници дополнително да и се дадат 17 пратеници. Тоа е идеја за тоталитарен ситем и тоа не може да пројде во Македонија, рече Трајанов.