Тајланд ја подготвува рамката за премин од воена кон цивилна управа

Од:

Во Бангкок на јавноста и беше претставен предлог текстот на новиот Устав на државата во кој се предвидува Националниот совет за мир и ред да остане најважното политичко тело во државата, се до конституирањето на новата цивилна влада. Советот за ред и мир беше конституиран веднаш по прогласувањето на воениот удар во мај минатата година, а во неговиот состав доминираат претставници на армискиот врв на Тајланд.

Текстот на нацртот на новиот Устав беше претставен на јавноста во златни корици. Ова не значи дека преминот од воена кон цивилна власт е на повидок, бидејки и претседателот на Советот и привремениот премиер, генералот Прајут Кан-ока изјавија дека избори во Тајланд пред август 2016 година нема да има.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач