Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Мастерсот во Синсинати

Од:

Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер ќе играат во финалето на Мастерсот во Синсинати откако синоќа во полуфиналето ги совладаа своите ривали.

Ѓоковиќ уште еднаш успеа да направи пресврт и да го добие мечот. Неговиот противник Александар Долгополов поведе со 1:0 во сетови откако го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет се играше тај брек, а Долгополов поведе со 5:4 на поени и беше на два понеа до победа, но Ѓоковиќ го доби тај брекот со 7:5 за 1:1 во сетови. Во решавачкиот сет беше 6:2 во гемови за Ѓоковиќ.

Федерер ја оствари и петта победа над Енди Мареј во серија откако го совлада со 6:4 и 7:6 (8:6) искористувајќи ја втората меч топка.

Финалето меѓу Ѓоковиќ и Федерер ќе биде нивни 41. меч (20:20 во победи).

Федерер на досегашните шест финални меча има шест победи во Синсинати (два победи над Ѓоковиќ), додека Мастерсот во Синсинати е единствениот од оваа серија кој Ѓоковиќ го нема освоено.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров