Двете најдобро рангирани тенисерки на турнирот во Синсинати Серена Вилијамс и Симона Халеп изборија пласман во финалето откако постигнаа лесни победи над Елина Свитолина и Јелена Јанковиќ.
Вилијамс на Свитолина и препушти седум гема (6:4 и 6:3), додека Халеп беше уште поубедлива против Јанковиќ и српската тенисерка освои само три гема (6:1 и 6:2). Халеп со пласманот во финалето обезбеди доволно поени и на следното рангирање (утре) ќе се пробие на второто место на ВТА листата.