Некои земји во светот преземаат различни мерки против пушењето, а меѓу нив е и високата цена на цигарите. Cigarettes Reporter направи листа на десетте земји во кои цигарите се најскапи.
На првото место на листата е Австралија, земја која презема драстични мерки против пушењето. По неа е Нов Зеланд, додека на третото место е Норвешка. Така, во Австралија просечната цена на цигари изнесува околу 14.5 евра, додека во Нов Зеланд околу 13.3 евра.
Ова е листата на десетте земји со најскапи цигари:
10. Шведска – просечна цена од 7.3 евра
9. Папуа Нова Гвинеја – 7.4
8. Швајцарија – 7.8
7. Франција – 7.9
6. Канада – 8.3
5. Исланд – 8.5
4. Обединето Кралство – 11
3. Норвешка -13
2. Нов Зеланд – 13.3
1. Австралија – 14.5 евра.