Џереми Корбин најавува извинување на британските лабуристи за Ирак

Од:

Левичарскиот кандидат за нов лидер на британската Лабуристичка партија, Џереми Корбин изјави денеска дека доколку биде избран, јавно ќе се извини за војната во Ирак, во името на лабуристите.

Корбин вели дека извинувањето ќе се однесува за „страдањата за Ирачаните“ поради војната, како и за „измамата“ на британската јавност, околу мотивите и поводот за воената интервенција од март 2003 година.

Овој пратеник кој од 1989 година е член на Долниот дом на британскиот Парламент, како припадник на левичарското крило на партијата, признава дека сите изминати години „неброено пати“ гласал против сопствената влада и политиката на лабуристите, во нејзините 13 години во кои оваа партија управуваше со Велика Британија.

Левичарите во лабуристичките редови беа против интервенцијата со која беше соборен режимот на Садам Хусеин, ги покренуваа антивоените протести, а подоцна беа најактивни во обидите за соборување на Тони Блер, како партиски лидер и премиер.

Војната во Ирак, самоубиството на експертот за оружјето за масовно уништување Дејвид Кели и измислената афера „перови за пари„ беа користени против Блер, кому крајната партиска левица, не можеше да му прости за решението да ја „тргне партијата од нејзните корени„ како партија на работниците и да је префрли во центарот на британската политика, со оформувањето на „новите лабуристи“.

Идеолошката војна внатре во партијата, го предизвика и создавањето на двата спротивставени лабуристички сојузи на „блеристи„ кои ја подржуваа линијата на приближување кон центарот и на „браунисти„ кои заговараа Гордин Браун да ја води партијата (и владата) верувајќи дека преку него, лабуристите ќе може да се вратат на левичарењето.

Корбин е дел од тој анти-Блер оојуз што во 2006 година се обиде да изврши партиски пуч против својот тогашен лидер, но единствено што изнудија беше Блер да се повлече од Даунинг стрит 10, до крајот на јуни 2007 година, што тој и го направи.

Луѓето кои го соборуваа Блер, користејќи ги неговите потези на надворешен и внатрешен план, сега се со Корбин и како стојат работите, тие ќе му овозможат тој да стане нов лидер на Лабуристичката партија.Нема ништо изнедувачко дека првото нешто што ќе се направат тој и неговите сојузници е „извинувањето за Ирак„ затоа што преку тоа сакаат , конечно, да се разделат од новите лабуристи и од таа политика.

Корбин кој поради уберливото водство, веќе се однесува како нов лидер, па секојдневно дава изјави за тоа што ќе прави како предводник на опозицијата, остава впечаток дека не се грижи за тоа што не само Блер, туку и Браун, како и негогашниот левичарски лидер Нил Кинок и сите тројца негови противкандидати, се огласија против неговиот избор, означувајќи го како закана за иднината на оваа партија.

Дел од лондонските весници забележуваат дека Корбин нема да биде избор на лабуристите, туку на британските левичари кои масовно се пријавија како „партиски симпатизери„ за да му ја обезбедат победата.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак