Астон Мартин подготвува електричен Рапид со 800 КС

Од:

Директорот на Астон Мартин Енди Палмер на овогодинешниот Саем на автомобили во Шангај најави електрична верзија на моделот „Рапид“, што сега е официјално потврдена.

Палмер во разговор со „Аутомотив њус“ на Пебл Бич соопшти дека автомобилот на пазарот ќе биде претставен за две години, дека ќе има 800 коњски сили и домет од 320 километри, како и погон на сите тркала.

Главен конкурент на Астон Мартин Рапид со електричен погон ќе биде Тесла Модел С.

– Ако сакаме да продолжиме да изработуваме В12 мотори, мораме да направиме нешто и на другиот крај на спектарот, изјави Палмер.

Според Палмер Тесла Моторс покажа дека постои можност за изработка на скапи возила во овој сегмент.

Цената на новиот електричен Астон Мартин Рапид ќе чини меѓу 200.000 и 250.000 долари.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска