„Хонда“ го претстави новиот СУВ „БР-В“ со седум седишта

Од:

На меѓународниот авто-салон во Индонезија јапонскиот производител на автомобили „Хонда“ го изложи прототипот на моделот „БР-В“ што ги комбинира карактеристиките на СУВ и МПВ возило.

Овој автомобил со три реда седишта е придвижен од 1.5-литарски и-ВТЕЦ бензински мотор што е  поврзан со шестбрзински мануелен или опциски ЦВТ менувач.

Четирицилиндрашот развива 120 кс при 6.600 о/мин и максимален вртежен момент од 145 Нм, достапен на 4.600 о/мин.

„Хонда БР-В“ е обликувана во склад со актуелната гама на овој производител, со малку поконзервативен дизајн на надворешноста. Во предниот дел се истакнува маската на ладилникот со широка металик лајсна што визуелно ги поврзува фаровите.

Производителот соошти дека на купувачите ќе им понуди стоп светла со ЛЕД технологија, покривни шини во сите пакети со опрема и новодизајнирани 16 инчни алу фелни.

Димензиите на возилото не се соопштени, но „Хонда„ наведува дека станува збор за возило кое ќе доминира во својот сегмент според комфорот и просторот во кабината.

Автомобилот е наменет пред се за азискиот пазар, а сериската верзија во продажните салони треба да пристигне на почетокот на 2016 година.

„Хонда БР-В“ во Индонезија ќе чини меѓу 230 и 265 милиони рупии (14.800 – 17.100 евра).

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска