Собранието треба да ја продолжи 62. седница

Од:

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 62. седница со расправата по Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, во второ читање.

Како точка на дневен ред е ставен и Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.

Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

Пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата…..

Вчера Собранието на Република Мкаедонија во рамки на оваа 62 седница го донесе ребалансот на Буџетот за 2015 година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година